МИЦКОСКИ: Неспособноста на Заев и министрите убива и чини животи

/ 07.10.2020

Христијан МИЦКОСКИ

317 новозаразени од КОВИД. Работата одамна е излезена од контрола. Заев пред изборите прогласи победа над заразата, демантот на ова стигнува секој ден изразен во заразени и смрт,  се вели во ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Неспособноста на Заев и министрите убива и чини животи. Ако мафијата, наместо кон крадење беше насочена кон спасување животи, денес ќе имавме друга ситуација. Починатите не се бројка, тоа се имиња и презимиња кои денес не се со своите семејства, истакна Мицкоски.

Неспособноста на Владата убива!


Од истата категорија