Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно се врати во Овалната соба, првпат откако излезе од воената болница „Валтер Рид“, каде се лекуваше од коронавирусот, изјави портпаролот на Белата куќа.

Трамп на Твитер напиша дека веднаш по влегувањето во канцеларијата разговарал со гувернерите на Тексас и Луизијана за ураганот Делта.

„Само што ме известија за ураганот Делта и разговарав со гувернерот на Тексас, Грег Абот и гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс“, напиша Трамп на Твитер.

Лекарот од Белата куќа, Шон Конли, синоќа изјави дека Трамп во текот на последните 24 часа немал симптоми на Ковид-19 и дека веќе повеќе од четири дена нема зголемена телесна температура.