Високиот безбедносен претставник на Белата куќа, Кред Бејли уште од септември е во болница откако се зарази со новиот коронавирус, објави „Блумберг њуз“.

Агенцијата се повикува на неименувани извори, а Белата куќа одби да коментира.

Досега кај 27 блиски соработници на американскиот претседател Доналд Трамп е потврдено присуството на  Ковид-19.