Во Собранието на Република Македонијаденеска се обрати и пратеничката Гордана Силјановска Давкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“. При своето обраќање посочи дека поради лошото владеење на СДСМ правната професија влезе во зоната на самракот. СДСМ законите не ги почитува и ги толкува како сака.
„Скратената постапка стана редовна и покрај тоа што во извештајот има сериозна критика на тоа. А, редовната постапка е редок феномен“, нагласи Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова во врска со Предлог законот за изменување и дополнување на законот за враќање на ДДВ на физичките лица рече дека има правна небулоза. Законите секогаш треба да важат erga omnes кон сите и имаат неограничено правно дејство. Законот не може да важи една година, закон не може да важи еден месец. А, не може да важи пак никако три дена.
„Вашата измена, запазете, во законски текст пишува дека важи за 10,11,12-ти. Зарем некој на законодавна правна комисија не рече дека одредба од ваков тип може да се најде единствено во преодни и завршни одредби, на ниту едно друго место“, истакна Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова посочи дека поради Владата на СДСМ правната професија влезе во зоната на самракот.
„Правно спорно е што овој закон влегува во сила со денот на објавувањето. Само Устав влегува со денот на објавувањето, а може по исклучок Собранието да одлучи веднаш, ама која е итноста од ваков закон, обично се работи за измени, кои се однесуваат на опасност по безбедноста на земјата или тешки нарушувања на пазарот итн. Треба да се почитува членот 52 став 2 од Уставот според кој законите и другите прописи се објавуваат во Службен Весник најдоцна во рок од 7 дена од денот на нивното донесување. И став 3 влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето, а само по исклучок за точно определени причини што ги утврдува Собранието со денот на објавувањето“, повика Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова рече дека секој има право да се запознае со законот.