Втората претседателска дебата помеѓу Доналд Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден што требаше да се одржи на 15 октомври е откажана откако американскиот претседател одби виртуелна дебата.

Виртуелна дебата беше предложена поради тоа што Трамп е инфициран со Ковид-19.

Тоа значи дека третата дебата во Нешвил,што треба да се одржи на 22октомври најверојатно ќе биде последно соочување на двајцата кандидати.