Во рамки на засилените акциски контроли на Министерството за внатрешни работи во областа на сообраќајот. во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 437 санкции.

Како што соопшти МВР, од изречените санкции за возење без возачка дозвола се за 50 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 140 прекршоци, 40 технички неисправни и нерегистрирани возила, осум мотоцикли, 79 мерки за непрописно паркирање, 48 се подигнати со пајак, а изречени се 59 казни за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедноста во сообраќајот.