Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Иван Тричковски пред дуелот со Естонија во Лигата на нациите се надева дека сите фудбалери ќе го сфатат максимално сериозно мечот во Талин и дека ќе одиграат на високо ниво.
– Фокусот ни е насочен кон нашиот тим, иако го сметаме за многу сериозен составот на Естонија. Важно е да бидеме на високо ниво, иако доаѓаме по исклучително важниот натпревар против Косово во кој го постигнавме тоа што го сакавме. Утре е нов натпревар и се подготвуваме да го добиеме. Се надевам дека сите ќе го сфатиме максимално сериозно и ќе одиграме на наше, високо ниво, изјави Тричковски.