Христијан Бузалковски (Seventy One Team) викендов возеше трка во Бугарија каде што се возеа трки до националниот шампионат и од БМУ Европскиот шампионат!
На првиот тренинг Бузалковски имаше тежок пад (Highside) и ја повреди раката ногата и вратот. Но и покрај тоа, не се откажа и остана до крај да се бори со своите конкуренти! Успеа да дојде до две први места во националниот шампионат и 9то место во БМУ Европскиот шампионат!
– Многумина да беа на мое место сигурен сум дека ќе се откажеа и немаше да настапат на трките овој викенд! Возев со огромни болки,бидејќи на моторот све работиме со рацете и целиот терет е на нив. Првата трка ја извозев со големи болки но бидејќи повредата беше сеуште топла успеа да извозам во некое побрзо темпо. Следното утро кога станав од спиење не можев да ја мрдам раката и болките беа огромни. Ја стартував трката но со огромно пазење да не паднам па да завршам со огромни последици. Првите 5 круга се чуствував добро но како одминуваа круговите болките енормно растеше! На 4 круга пред крајот болката беше не поднослива,болеше толку многу до степен на плачење, но сепак не ми беше во план да се повлечам во боксот,извозев до крај и успеав да ја освојам Македонската титула по втор пат, и да завршам на 9то место во БМУ Европскиот шампионат, изјави Бузлаковски.