Пишува: Дарко Јаневски
На 26 јули 1913 година (стар стил), по повод постигнатиот договор меѓу Грција и Бугарија во Букурешт за поделба на Македонија, грчкиот крал Константин ги упатил следните зборови до грчката војска:
„Офицери, подофицери, војници и морнари,
Вчера во Букурешт е потпишан протокол со кој се одредени новите граници меѓу Грција и Бугарија.
Нашата граница на север и исток почнува од средината на Преспанското Езеро, поминува низ долината меѓу Битола и Лерин, потоа оди низ високите планини јужно од Морихово и северно од Моглен, поминува јужно од Гевгелија и потоа, меѓу Дојран и Железничката станица, низ Дојранското Езеро, минува крај Кула, па крај Демир Хисар, се искачува на планината Ченгел, минува јужно од Мелник и Неврокоп и оставајќи го Ксанти, оди по реката Места до нејзината утока.
Офицери, подофицери, војници и морнари. Вие сте творци на новата зголемена Грција. Вашата крв, вашите напори, вашата борба, вашата храброст и вашата истрајност, доведоа до тоа Грција да стане голема, почитувана и славна во целиот свет. Моето срце се стега од помислата дека голем број од моите храбри војници нема да ги чујат овие мои зборови, но нивната крв не е залудно пролеана. Нека биде вечен поменот на нашите јунаци паднати на бојното поле.
Вам, кои преживеавте, ви го искажувам своето воодушевување за вашите јуначки дела и горд сум што сум водач на такав војска и флота. Наредив на сите да се издадат споменици. Сугурен сум дека за срцето на секој од вас, чувството дека ја направивте Грција голема е најголема награда. Нашето дело уште не е довршено. Татковината треба да биде силна, многу силна.
Да живее грчката војска! Да живее грчката флота!
Константин“
Константин влегува во Солун во ноември 1912 година со татко му Џорџ кој тогаш е крал на Грција