Во најтешко погодената австралиска држава Викторија, ширењето на коронавирусот веројатно е ставено под контрола, а во изминатите 24 часа е регистриран само еден нов случај на Ковид-19, најмалку уште од почетокот на јуни.
Мелбурн, кој е епицентар на епидемијата во Австралија, цели три месеци е под остри мерки, но се очекува дека премиерот на Викторија, Дениел Ендруз, кој е изложен на постојани притисоци на австралиската Влада, би можел да објави планови за ублажување на вонредната состојба.
– Се создадоа епидемиолошки услови за да се ублажат вонредните мерки, порача австралискиот министер за здравство Грег Хант, но премиерот на државата Викторија возврати внимателно и нагласи дека нема да потклекне на притисокот.
– Никој не вели дека треба да останат во сила рестрикциите подолго отколку што мора. Но нема да ризикуваме се што досега го жртвуваа граѓаните на Викторија, истакна Ендруз.