Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, денеска не одржа прес-конференција, но на Фејсбук кратко се осврна за вториот годинашен ребаланс на Буџетот:

– Ребаланс на Буџетот 2020. Колешките спремни, објави Костадинов.

Во прилог и фотографија со колешките, подготвени со маски, за гласање на ребалансот. Буџетите, и државниот и семејните, тешко се полнат во ваква криза, но затоа на буџетарите им е лесно и забавно да се сликаат и промовираат и на ваква сериозна тема.