Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е одликуван со манастирски орден од игуменот на Бигорски манастир, објави денеска челникот на македонската полиција.
– Во годината кога манастирот „Свети Јован Бигорски“ прославува 1000 години од своето постоење, ми претставува огромно задоволство од Бигорскиот старец и игумен на Свештената Бигорска Обител, Епископ Антаниски г.Партениј да го примам овој орден за посебни заслуги и придонес за манастирот „Претеча“ од I ред со ликот на пречесниот Претеча. Бигорскиот манастир е наш спомен над времето веќе десет века. Тој е гордост на сите нас и поттик да создаваме дела, вредности и добрини кои ќе останат и после нас и ќе ги инспирираат младите и следните генерации да продолжат по нашиот пат, по добриот пат, објави Спасовски на својот официјален профил на Фејсбук.
Спасовски, покрај овој црковен орден, пред неколку дена објави дека добил одликување и од кумановската болница.