Иронија е македонскиот симбол да се брише во Македонија, а слободно да егзистира на истакнати места во другите земји.

Македонскиот симбол од првото знаме на независна Република Македонија, шеснаесеткракото сонце, како што е познато, актуелната власт во Македонија го избруси и замачка на сите јавни места. Дури, за да и одоброволи на Грција, го избруси и од металните поклопи на шахтите.

Истовремено, овој македонски симбол, во хрватскиот град Сплит (на фотографијата) е истакнат на видно место. Каква иронија !

(Д.Г.)