Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос застана во одбрана на судијата Хуан Мартинез, кој беше обвинет затоа што досуди пенал во корист на „белиот балет“ во победата од 3: 1 над Барселона во „Ел Класико“.
Токму Рамос го изведе пеналот досуден за прекршокот на Клеман Ленгле против него.
– Мислам дека сè е јасно за пеналот. Ленгле ме задржа и ме спречи да скокнам. Критиките кон судијата се нефер. На 2:1 решивме да не го чуваме резултатот, туку да ја искористиме состојбата на противникот за да постигнеме повеќе голови. Покажавме сплотеност. Критиките не ни штетат. Продолжуваме по нашиот пат, рече Рамос по мечот.