Лидија Димова не е повеќе директорка на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност.
Управниот одбор итно се состанал и доцна попладнево донел одлука за нејзино разрешување, потврдија членовите на УО за ТВ24. Одлучувањето следува откако ги добиле деталите за финансиски малверзации напишани во кривичната пријава на Финансиската полиција. Се чека петтемина членови на УО да најдат нејзин наследник, односно в.д директор на Агенцијата и да го комплетираат известувањето за јавноста.
По пријавата на Финансиска полиција, обвинителството денеска отвори истрага во која осомничена е Лидија Димова, Зоран Златковски сопственик на фризерницата, Александар Гочев надворешен соработник и благајничката Ана Павлиду.