Поранешниот активист на СДСМ Душко Илиевски, во јавноста познат како Душко Млекарот, е екстрадиран од Германија во Македонија.

Како што објави ТВ 24, по барање на македонските правосудни органи спроведен е од Германија за издржување на две затворски казни од година ипол и една година, за учество во толпа и напад на службени лица во време на Шарената револуција.

Илиевски беше баран со меѓународна потерница, откако со семејството се пресели да живее во Германија, каде доби политички азил. Тој е познат уште пред десетина години од протестите за Сведмилк, а последниве години објавуваше негативни прилози за работењето актуелната власт предводена од СДСМ.

Илиевски во повеќе наврати обвинуваше за притисоци врз него, особено од поранешниот пратеник и бивш потпретседател на СДСМ, Александар Кирацовски. И Илиевски и Кирацовски се битолчани.