Атлетико вчера ја победи Осасуна (3:1) во рамките на 8. коло од Шпанското првенство. Благодарение на оваа победа, тимот од Мадрид ја продолжи серијата без пораз во Ла Лига на 22 натпревара.
Последен пат не успеаја да освојат ниту еден бод на 1 февруари 2020 година кога загубија од Реал Мадрид со 1:0.
Екипата на Диего Симеоне има 13 победи и 9 ремија во овој сегмент.
Дваесет и два натпревара без пораз е четврта најдолга серија во историјата на Ла Лига. Истиот број на дуели без загуба ги има Депортиво во 1994 година. Барселона има низа од 43 натпревари во 2017/18, Реал Сосиедад – 38 натпревари сезоната 1979/80, додека Реал Мадрид има серија од 31 натпревар во сезоната 1988/89.