Во моментов четвртиот светски тенисер, Роџер Федерер ја минува рекордната 1000-та недела во топ 20 на ранг-листата на АТП.
Швајцарецот за првпат се најде помеѓу 20 најдобри тенисери на светот на 2 април 2001 година, а последен пат на 23 април во истата сезона и оттогаш е постојано меѓу најдобрите.
Второто место во историјата според ова статистичка категорија го држи Џими Конорс (917 недели), а меѓу сегашните играчи по Федерер, најдобар е Рафаел Надал (791).
За потсетување, Федерер има поминато 310 недели на врвот на АТП листата во текот на неговата кариера, што е исто така рекорд.