Повеќе од 3,6 милиони Словаци, или околу две третини од вкупната полулација, се тестирани на коронавирусот во текот на изминатиот викенд, соопшти во понеделникот премиерот Игор Матович.
Проектот за масовно тесирање на Словаците во два дена го следат и други земји кои ги бараат начините да го забават ширењето на коронавирусот и да го избегнат преоптоварувањето на своите здравствени системи.
Вкупни 38.359 лица, односно 1,06 отсто, биле позитивни на коронавирусот и мора да одат во карантин, изјави словачкиот премир Игор Матович на прес-конференцијата во Братислава.
„Длабоко сум убеден дека оваа решение ќе функционира во Словачка, доколку оние кои се негативни (на тестовите) продолжат да се однесуваат одговорно, а оние кои се позитивни да останат во карантин со своите семејства“, додаде Матович.
Словачкиот премиер упорно го истурка овој проект, со кој смета дека може да се забави острото ширење на коронавирусот во неговата земја, која во првиот бран од пандемијата беше една од државите кои најдобро се справија со вирусот во светот.
Некои експерти го критикуваа Матович, бидејќи во масовното тестирање се користеле антигенски тестови кои се побрзи, но тие тврдат дека се помалку прецизини од лабораториските PCR тестови, чијашто прецизност, исто така, е проблематизирана од многу светски стручњаци.
Според критичарите на словачкиот проект, антгенските тестови се подобри за насочени програми и треба да бидат спроведени заедно со други мерки. Матович рече дека владата е свесна за тоа, но сметале дека би бил корисен и половичен успех во откривањето на заразените лица.
Резултатите од теститањето во текот на викендот покажале дека стапката на инфекција значително паднала во четири окрузи во земјата каде што е спроведен пилот-проектот за масовно тестирање пред една седмица, додаде Матович.
Децата до 10-годишна возраст не се тестирани, а тестирањето за сите останати беше задолжително. Меѓутоа, оние кои одлучиле да не се тестираат, мора да одат во самоизолација или карантин.
Словачка, во споредба со другите делови од Европа, забележа релативно мал број случаи на коораноинфекции од почетокот на епидемијата во март, но бројот на заразените се зголеми изминатите неколку седмици. Владата поради тоа предупреди дека можело да дојде до пеоптоварување на болниците.