Неодговорноста на Владата предводена од СДСМ го загрозува здравјето на граѓаните. Негрижата за загадениот воздух и дивите депонии убива и во ек на пандемија.

Додека здравјето на граѓаните е изложено на опасност, власта профитира преку матни тендери.

ВМРО-ДПМНЕ апелира власта под итно да престане со загрозување на животната средина. СДСМ откако е на власт тажната слика за Македонија се дивите депонии по градовите.

Наместо политиканство од страна на оваа неспособна Влада, потребни се одлуки.

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира утре во две скопски општини и три други градови.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓаните утре 04.11.2020 на протест. Протести ќе се одржат во Општина Карпош во 12 часот на улица Скупи (кај супер Тинекс) , Општина Гази Баба (депонија Вардариште) во 13 часот, а во Струга, Тетово и Неготино протестот ќе се одржи во 19 часот.

Протестот во општина Струга ќе започне од Индустриската зона до Хотел Дрим, додека во општина Неготино пред општинската зграда и Тетово пред општинската зграда.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ