Полицијата во американските градови и експертите следат екстремистички групи кои би можеле да предизвикаат нереди во изборната ноќ, јави Ју Ес Тудеј.
Според весникот, се следат екстремистите кои планираат активности во клучните, т.н. „колебливи“ (свинг) држави, каде има најголем ризик за активности на вооружените групи.
Лидерот на десничарска група во Џорџија рече дека има војници кои се подготвени да одат на гласачките места доколку слушнат за изборна измама..
– Прво, влегуваме во тајност. Не сакаме да преплашиме никого. Ако откриеме измама, имаме подготвени луѓе и ако треба да го запреме гласањето – ќе го сториме тоа, рече тој, пренесува Ју Ес Тудеј.
Во меѓувреме, во голем дел од градовите низ целата земја, сопствениците на продавници и други бизниси со плочи ги заштитуваат изолзите, стравувајќи од можни немири во изборната ноќ. Независен извештај открива дека пет држави се особено изложени на ризик за активност на цивилни милиции на денот на изборите: Орегон, Висконсин, Мичиген, Пенсилванија и Џорџија.