Американскиот претседател Доналд Трамп освои три клучни држави – Флорида, Тексас и Охајо. Конечните резултати сè уште чекаат за Пенсилванија, Џорџија, Северна Каролина, Мичиген и Висконсин, кои се сметаат за клучни за исходот на изборите.
И Бајден и Трамп се убедени во иста работа – во својата победа.
Бајден и се обрати на јавноста.
“Се чувствуваме одлично. На пат сме до победата”, рече Бајден.
“Сè уште сме во игра за Џорџија, Винсконсин и Мичиген. Ќе треба време да се избројат гласовите, но ќе ја освоиме Пенсилванија. Ќе треба време. Не зависи од мене или Трамп да кажеме кој ќе победи, туку од народот. Но, јас сум оптимист”, додаде Бајден.
„Благодарам, благодарам, благодарам“, рече тој. „Верувај ми сепак, ќе победиме!“, вели Бајден.