Од направените 3211 теста во последните 24 часа од кои 37 отсто лица се позитивни, над 1 800 се направени во приватните лаборатории. Ако ценатта на еден тест е близу 4 000 денари или околу 65 евра, тоа значи дека на нивна сметка се слеале близу 120 000 евра.
Еве каде се направени овие 3 211 тестови:
ИЈЗ-977, ЦЈЗ Скопје-180, Авицена-497, Биотек-260, МАНУ -297, Жан Митрев (Филип Втори) -275, Систина со PCR метода -230, лабораторија Лаор –61, Судска медицина-17, ЦЈЗ Битола-104, Инфективна клиника-12, ГАК-0, Синлаб-153, Ремедика-41, лабораторија болница Козле-0, ЗД Скопје (рапид тест) – 107, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 259.115 тестирања на Ковид -19.