Лидерката на опозициското Движење за социјалистика интеграција, Моника Круемади, инаку сопруга на претседателот Илир Мета, денеска поторно е казнета за неносење заштитна маска.
Таа била на средба со граѓани погодени од катастрофалниот земјотрес, од 26 ноември минатата година, кога полицијата дошла и побарала да се разотидан насобраните граѓани.
На опомената дека ќе биде казнета за непочитување на мерката за носење маска и на отворен простор и и побарале лична карта, таа со повишен глас рекла казнете ме.
-Казнете ме. Јас сум Моника Круемади,ќерка на Рамазан Круемади. Родена на 9 април 1974 година.Казната ќе ја платам. Ќе му ја тргнеме маската на Еди Рама на 25 април 2021 година. Албанија, дом на Албанците, извикала и потпишала на казната.
Г убедувала и насобраните да ги тргнат маските, но тие и возвратиле дека „можеби ти имаш пари да ја платш казната, ние не“.
Таа и вчера заедно со сопартијка беа казнети со по 25 евра за неносење маска,додека беа на средба со граѓани од населба во Тирана. Повторената казна изнесува 40 евра.
Во Албанија од 15 минатиот месец задолжително е носење заштитна маска и на отворен простор. За првиот прекршок казната е 25 а за секој повторен 40 евра. Износот на казната се внесува во сметката за потрошена електрична енергија а доколку не се плати корисникот ќе биде исклучен од електромрежата.