Портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер, соопшти дека претседателката Урсула фон дер Лајен ќе оствари виртуелна средба со македонскиот премиер Зоран Заев в петок, 13 ноември, јави дописничката на МИА од Брисел.
Фон дер Лајен и Заев требаше да се сретнат физички кон крајот на октомври, но средбата беше откажана поради рестрикциите за Ковид-19 во Белгија и самоизолацијата на претседателката, по контакт со позитивен на вирусот.
Средбата е сега конечно закажана за идниот петок. Ова ќе биде нивна прва средба од последните парламентарни избори во Македонија, и неколку дена пред клучниот министерски состанок на ЕУ на кој треба да биде усвоена преговарачката рамка на Унијата со Македонија.