Филипче мора да си даде оставка, зошто Македонија нема повеќе животи за губење, се вели во денешното соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение целото соопштение:
Шверцерското ноќно објавување на бројот на починати и новозаразени нема да ја намали одговорноста и неспособноста на гробарскиот тандем Заев Филипче. Секој ден е нов пик на новозаразени, и секој ден губиме по десетина наши сограѓани заради неспособноста на Филипче.
Македонија е на врвот на листата на смртност во регионот, затоа што Филипче е неспособен. Пациентите чекаат и по неколку дена за тестирање, а потоа уште неколку дена за резултати. Додека да стигнат во болница, состојбата им е веќе комплицирана, и често завршуваат фатално, дури и млади луѓе.
Филипче треба да си даде оставка порадо тоа што:
– Здравствениот систем не функционира и луѓе умираат или по ходнкците молњјќи за помош или на пат кон болниците.
– Министерот Филипче имаше десет месеци да се подготви за новиот бран, но тој не направи ништо за да обезбедо минимална подготовка на капацитетите.
– Секојдневно се лажираат бројки на заразени и се кријат починати.
– Тестирањето на КОВИД заразените се претвори во милионаки бизнис додека за функционерите на власта тоа е бесплатно.
Филипче мора да понесе одговорност, за сите задоцнети реакции и изгубени животи.
Филипче не направи ништо за да го смени пристапот и да спаси живот повеќе.
А како би направил нешто за граѓаните, кога е зафатен со правење пародични видеа, кои само нему му се смешни?!
Или пак да не тераше кампања со Заев летото и да си ја работеше работата можеби сега ќе имавме доволно болнички капацитети и медицински персонал. Но тој се стави во позиција на политичар, а не на лекар.
И додека Филипче е политичар во обид Македонија губи. Македонија нема повеќе животи за губење. Филипче или Живот. Оставка веднаш!
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ