Бројот на починати лица од последиците на коронавирусот во Велика Британија денеска надмина 50.000, откако се регистрирани 595 нови смртни случаи, покажуваат владините податоци.

Ова е најголем дневен пораст на бројот на смртни случаи од 12 мај, кога се регистрирани 614 смртни случаи. Така, вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата достигна 50.365.

Според последните податоци, потврдени се 22.950 нови случаи на заразени со коронавирус, што претставува пораст во споредба со вчера, кога тој број изнесуваше 20.412.

Директорот на медицинската служба на Агенцијата за јавно здравје на Англија, Ивон Дојл, изјави дека трендот на зголемување на бројот на смртни случаи најверојатно ќе продолжи и посочи дека ќе поминат неколку недели пред да се видат последиците од сегашните рестриктивни мерки.

Велика Британија бележи најголем број смртни случаи од последиците на вирусот во Европа.