Управата на Барселона издаде соопштение во врска со преговорите со играчите за намалување на платата.

– По неколкудневни напнати состаноци, страните ги завршија преговорите и ги прекинаа консултациите без да постигнат договор. Страните се согласија дека ќе се даде рок до 23 ноември за разгледување и одлучување дали предложените опции сè уште можат да бидат усвоени, се вели во соопштението на каталонскиот клуб.

Забележано е дека поради загуби предизвикани од пандемијата на коронавирусот, Барселона треба да продолжи со намалување на платите на фудбалерите во вкупен износ од 191 милион евра.