Првиот човек на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус, смета дека правичниот пристап до вакцините ширум светот е во интерес на секого и секоја земја, додавајќи дека акумулацијата на вакцини во некои земји може само да ја продолжи пандемијата.
-Национализмот поврзан со вакцинацијата ќе ја продолжи пандемијата, нема да се скрати, рече тој на Парискиот мировен форум, предупредувајќи дека вирусот ќе продолжи да се шири и економското закрепнување на глобално ниво ќе се забави доколку луѓето во сиромашните земји не можат да се вакцинираат.
-Некои земји купуваат повеќе вакцини однапред, во количества што се над двојно повеќе од бројноста на населението, со што се загрозува достапноста на вакцините за другите земји, изјави Тедрос.