МИЦКОСКИ ПО СОСТАНОКОТ СО КОАЛИЦИЈАТА ЗА БУГАРИЈА: Бугарија да не не блокира, власта да не тргува со националните интереси!

/ 16.11.2020

-Имаме право на европска иднина и почитување на македонскиот идентитет, порача Христијан Мицкоски, лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Изјавата доаѓа по состанокот што попалднево ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го одржаа состанок на кој биле донесени неколку заклучоци, меѓу кои и барање за признавање на македонското малцинство во Бугарија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски исто така, ја повика Бугарија да не ја блокира Македонија на патот кон ЕУ.

Меѓу другото, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата заклучиле дека остануваат цврсто на уставната определба за антифашистичкиот карактер на Македонија и остро се спротивставуваат на промените на Уставот.

Тие се против било каква дискусија околу македонскиот јазик. Бараат почитување на македонското малцинство во Бугарија.

Коалицијата повикува на почитување на македонската историја и нејзината посебност.

„Македонскиот идентитет е неспорен и засебен“, рече Мицкоски.

Предупредија власта да не тргува со националните интереси на кои е изградена македонската модерна држава.

„Бугарија да не ја блокира европската иднина на Македонија, и да покаже вистинско пријателство меѓу двата народи“, порача Мицкоски во име на Коалицијата „За обнова на Македонија“.

Бара од ЕУ партнерите да помогнат земјава да ги почне преговорите.

Мицкоски рече дека деновиве ќе свика лидерска средба со другите опозиционери на која ќе се зборува за иднината на Македонија. Вели дека имаме напластени проблеми.

„Треба да бираме асимилација или евроинтеграција. Ни треба ресет на општеството“, вели Мицкоски.

Предупредува дека ќе има големи последици по сите граѓани кои живеат во Македонија од политиките на власта.

По изјава на Мицкоски, тој и колегите од колицијата останаа пред владината зграда на протест со автомобили за да го искажат незадоволство од начинот на кој Владата го води процесот на преговори со Бугарија.

.


Од истата категорија