Професорката од Институтот за македонски јазик д-р Елка Јачева Улчар денеска реагира на изјавите на поранешниот премиер, министер за одбрана и бивш лидер на СДСМ, Владо Бучковски дека е „патетика занимавање со одбрана на македонскиот јазик“ .
Тој синоќа за ТВ Сител рече дека се залага за прифаќање на заедничката историја со Бугарија.
– Да си универзитетски професор во Македонија и да мислиш дека е патетично да се зборува за македонскиот јазик; и дека проблемот со Бугарија ќе се реши само ако признаеме заедничка историја – значи само едно: дека немаш поим што се случува на релацијата Бугарија – Македонија повеќе од еден век и дека си ја промашил поентата на бугарските барања, се вели во реакцијата од Јачева – Улчар.
Бучковски, исто така, вчеа во интервју за ТВ Европа ја обвини опозицијата и опозициските медиуми за ширење на говор на омраза спрема Бугарија и тоа токму во деновите кога поради „таков говор“ беше сменет претседателот на УП на државната новинска агенција, Зоран Иванов, кој не припаѓа на опозициските, туку на круговите блиски до власта.
Бучковски како министер за одбрана беше осуден со затвор во аферата „делови за тенковите“.