Министерството за внатрешни работи вчера на територијата на град Скопје санкционира 190 возачи, од кои 34 за возење без возачка дозвола, 25 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 10 за управување возило под дејство на алкохол, 35 за непрописно паркирани возила и 20 за неносење на лична заштита.
Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.