Барселона синоќа на натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Динамо Киев (4:0) пушти двајца американски играчи на теренот.
Деведесет минути играше 20-годишниот Сержињо Дест, кој го отвори резултатот на средбата. Во 93. минута 19-годишниот Конрад Де Ла Фуенте влезе како замена.
Ова е првпат за 16 години во Лигата на шампионите двајца Американци да настапат за ист тим.
Последен пат тоа се случи на 8 декември 2004 година, кога голманот Тим Хауард и дефанзивецот Џонатан Спектор играа за Манчестер јунајтед на натпреварот против Фенербахче (0:3).