Браќа и сестри Македонци во Македонија и ширум светот, новогодишните и Божиќните празници се ближат а нашите браќа уставобранители веќе 3 години невини скапуваат по црните зандани, се истакнува во апелот за помош на македонските патриоти и уставобранители што се сподедлува на социјалните мрежи.
– Како лани така и оваа година да се организираме и помогнеме на нивните фамилии во овие многу тешки времиња за нив и цела Македонија. Лани собравме близу $15.000 канадски долари или од прилика (€10.000 евра) сите средства транспарентно и подеднакво беа поделени на 18 фамилии со директна достава на помошта до секоја фамилија поединечно. Ова година целта ни е да собереме од најмалку $28,000 канадски долари од прилика (€18.000 евра)за да можеме да испратиме барем по €1000 евра за секоја фамилија! Имаме огромна Македонска дијаспора ширум светот ,ве молам ДОНИРАЈТЕ,СПОДЕЛЕТЕ,ПОМОГНЕТЕ -МАКЕДОНЕЦ ЗА МАКЕДОНЕЦ! Новогодишните и Божиќните празници повеќето од нас ќе ги поминеме во нашите топли домови опкружени со најблиските, полни трпези,поклони под елка ,во празнична атмосвера. За жал тоа не е реалност за семејствата на нашите браќа уставобранители од судбоносниот 27-ми април, нивните семејствата празниците ќе ги поминат соочувајќи се со суровата судбина ,неизвесност што и како понатаму во годината што доаѓа,безпарица ,болка во душата и без своите најблиски, се вели во апелот.
Натаму во истиот се додава „не смееме да дозволиме македонските патриоти и нивните деца без пакетче под елката и празни божиќни трпези,нивните домови без струја или огрев за зимото“.
– Бидете хумани, да ги помогнеме семејствата на нашите браќа уставобранители и македонски патриоти.Раката што дава не се суши! Сите собрани средства ќе бидат подеднакво поделени со семејствата јавно и транспарентно, се вели во објавата на Боби Темелков на Фејсбук.