Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека за него можеби ќе биде тешко да ги изнесе обвинувањата пред Врховниот суд за изборна измама за време на претседателските избори на 3 ноември.
Тој изрази сомнеж во својата правна стратегија, а се помали се и надежите дека ќе може да да направи пресврт во изборниот резултат, јавија британските медиуми.
-Проблемот е во тоа што е тешко да се стигне до Врховниот суд, рече Трамп денеска во телефонско интервју за Фокс њуз.
Трамп додаде дека ќе продолжи да се бори против резултатите од изборите, на кои за претседател беше избран демократскиот кандидат Џо Бајден.
-Мојот ум нема да го смени ставот во следните шест месеци, додаде Трамп.