Велепредавникот Зоран Заев и официјално почна да си го спроведува кажаното во срамното интервју каде се откажува од сè што е македонско и прави ретуширање на историјата, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев кажа дека ќе ги менува учебниците по историја од 2021 година, што значи дека ќе имаме учебници по бугарски терк, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот во заминување Заев, како што го нарекуваат од опозициската партија, менувајќи ја историјата го менува идентитетот на Македонците.

– Заев и официјално почна да си го спроведува кажаното во срамното интервју каде се откажува од сè што е македонско и прави ретуширање на историјата. Велепредавникот Заев да каже дали го продаде АСНОМ, прифати ли дека бугарската окупација за време на Втората светска војна била администрација, го продаде ли Илинден, Гоце Делчев?, прашуваат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ повикуваат дека сега е моментот сите граѓани да се освестат и да одлучат дали ќе се спротивстават на ова и ќе го заштититат македонскиот идентитет или ќе бидат соучесници во бришењето на македонската историја, сегашност и иднина.

– Заев со тоа што прифатил промена на учебниците согласно бугарските барања и откажување од народните херои ќе одговара за велепредавство, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.