Министерот за здравство Венко Филипче повторува дека ситуацијата во земјава е под контрола, а Македонија со 887 смртни случаи на еден милион жители се искачи на 7. место по смртност од коронавирусот на еден милион жители и прва во регионот.

На црната ковид листа по Македонија од регионот на 10. место е Босна и Херцеговина со 859 починати, а Црна Гора е на 14. место со 822.

Вкупниот број на дијагностицирани со Ковид-19 во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 65.231. Оздравени се 41.656, починати е 1.847, а бројот на активни случаи е 21.728 пациенти.