Манчестер јунајтед планира да му предложи продолжување на соработката и двојно повисока плата на Португалецот Бруно Фернандез, кој сезонава е клучна алка во играта на „црвените ѓаволи“.
Лондонски „Мирор“ пишува дека раководството на премиерлигашот е подготвено да му ја удвои платата на 26-годишниот Фернандез, кој со новиот договор би заработувал 200.000 фунти неделно.
Причината за раздвиженоста во Јунајтед, како што наведува „Мирор“ е интересот кон Фернандез од страна на Барселона и Реал Мадрид, и намерата на „црвените ѓаволи“ да го задржат Португалецот во своите редови.
Фернандез дојде во Манчестер јунајтед од Спортинг Лисабон во јануари годинава за 55 милиони евра, и на 16 натпревари постигна десет голови, додавајќи шест асистенции.