Професорот Александар Нацев во своето гостување во емисијата „Што не е јасно?“ зборуваше за членството на Република Македонија во НАТО, каде посочи дека не е добро ние како најнова земја членка да бидеме најслабата алка во синџирот на НАТО.
-Членството во НАТO само по себе носи одредени предизвици. Како прво, многу е лошо вие како најнова земја членка да сте најслабата алка во синџирот на НАТО, бидејќи сите безбедносни предизвици пред кои е исправена Северноатлантската организација, треба заеднички да се надминат од земјите членки, но и секоја држава да изгради индививдуални капацитетитe за своја сопствена одбрана, а потоа да гради капацитети со другите сојузници и со цел да ја заштита таа групација. Тука е кај нас проблемот и јас би прашал дали е поголема срамота да седиш надвор на клупа и да не влезеш во игра или да си во игра и да си видливо најслабиот играч на терен. Јас во моментот имам една перцепција дека токму тоа ни се случува. Имало и порано недоразбирање помеѓу две земји членки на НАТО, како сега ние што имаме со Бугарија. Но, тоа секогаш успевало да се разреши или да се стави под тепих за да не биде проблем пред останатите сојузници и да не се руши имиџот на НАТО, рече НАцев.
Нацев во своето гостување изјави дека за Република Македонија не е добро што тоа што како најнова членка на НАТО се соочуваме со внатрешни проблеми. Според него тоа не остава добар имиџ на државата и на владата која ја предводи државата.
– Вие како најнова земја членка влегувате и веднаш имате проблеми. Тоа не е добро за вас како држава и не е добро за имиџот на државата и нормално на моментална Влада која што ја предводи државата. Но, мојата перцепција е дека она што го гледам е дека сите политичари од власта неодговорно тврдеа дека работата е завршена, така беше и со кампањата за влез во НАТО, се правеа НАТО фестови па излезе дека не сме влезени во НАТО, додаде Нацев.