Иселеникот од Тиквешко во Турција, Ајхан Кавадар, секојдневно објавува поддршка за Македонија на социјалните мрежи и предизвикува симпатии кај Македонците.
Кавадар објави стихови за Македонија „која и од надвор и одвантре ја јадат, но не може да ја дојадат“.
Ја пренесуваме неговата објава на Фејсбук:
Ах што си голема мајко Македонијо
Од внатре те јадат од надвор те јадат
Пак не можат да те до јадат
Ах што убава земја имаш
Не можат даја поделат
Ах што голема историја имаш
Не можат даја избришат
Ах што убаво име имаш
Не можат да го променат
Кажано од Ајхан КАВАДАР.
Инаку Кавадар е роден во Турција, а неговите претци во 1955 година се преселиле од Македонија.
– Јас сум роден во Турција. Моите роднини се иселени од мајка Македонија во 1955 година во Турција. Тие се дојдени од неготинското село Вешје. Имам и две внуки, се викаат Арја и Лина и од мали ги учам да ја сакаат Македонија исто како мене, изјави Кавадар за Денешен.
(Д.Г.)