Поради економските политики на Заев стопанството е на апарати, единствен излез е негова оставка, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференцијата на Даниела Маркоска од СДСМ.
– Власта на премиерот во заминување е власт која економски им го загорчи животот на граѓаните сред епидемија. Нивната економска неспособност е подеднакво опасна како и корона вирусот. За една година го зголеми долгот за 1 милијарда евра, а на фирмите и стопанството им даваше трошки. Поради задоцнетите и нерационални економски политики стопанството е на апарати. Падот на економијата е еден од најголемите во Европа, над 50 илјади лица останаа без работа а половина милион граѓани живеат само со 130 денари на ден. Заев наместо да дели лекции по економија заслужува недоволен еден. Со него економијата тоне од ден во ден. Политиката купи ден помини не донесе до рецесија и за жал нема изгледи дека ќе се подобри. Единствен излез е оставка на Заев и влада на национален спас, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.