Ние сме Македонци, јазикот ни е македонски и татковината ни е Македонија, е мотото со кое денеска протестираа Македонците пред парламентот на Сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија во Дизелдорф во Германија.
Од протестот е испратена и декларација со која се бара зачувување на македонските национални интереси.
Македонците во овој германски град побараа власта во Македонија да не потклекнува пред бугарските барања и да не се распродава историјата на Македонија.
– Ние сме Македонци и јазикот ни е македонски! Доста е!- гласи пораката од протестот.