Напаѓачот на францускиот првак ПСЖ, Килијан Мбапе, обелодени дека одлуката околу неговата иднина на клупски план ќе ја донесе во кругот на семејството.

Договорот на Мбапе со клубот од Париз истекува во 2022 година, а францускиот репрезентативец се поврзува со можен трансфер во Реал Мадрид или Ливерпул.

Сепак, 21-годишниот Мбапе стави до знаење дека би го напуштил Париз само доколку неговите родители би го советувале дека тоа е добра идеја.

„Ние секоја одлука ја носиме заедно, како семејство. Без поддршката од моите родители, јас немаше да бидам таму каде што сум денес“, изјави Мбапе.