Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ја презеде одговорноста за поразот во градското дерби со Реал Мадрид, со кој неговиот тим ја прекина серијата од 26. натпревари без пораз.
Актуелниот шпански првак ја прекина импресивната серија на Атлетико со головите на Касемиро (15. мин) и автоголот на Јан Облак (62. мин), принудувајќи го Симеоне да го признае поразот.
-Знаевме дека ќе имаат многу додавање преку Модриќ, Касемиро и Крос, и знаевме дека ќе отвораат простор преку крилата. Знаевме да одолееме на таквиот стил на игра против Барселона, но, овој пат не успеавме во тоа, изјави Симеоне на синоќешната прес- конференција по натпреварот.
И покрај поразот, Атлетико остана на чело на шпанската Ла Лига со 26. бодови од 11. натпревари, три повеќе од моментно третопласираниот Реал, кој има натпревар повеќе.