Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, бразилскиот репрезентативец Нејмар, се повреди на мечот од Лига 1 против Лион (0:1).
Во самиот финиш од синоќешниот дуел, играчот од средниот ред на Лион, Тијаго Мендес остро стартуваше врз Нејмар приклештувајќи му ја левата нога. За овој фаул, судијата Беноа Бастијан првично покажа жолт картон.
Нејмар не можеше да го продолжи натпреварот поради повреда на скочниот зглоб, фудбалерот плачеше додека лежеше на тревникот. Судијата се сврте кон ВАР собата и ја смени својата одлука покажувајќи му црвен картон на Мендес.
Бразилецот во дресот на ПСЖ не можеше сам да го напушти теренот и беше изнесен од теренот на носилка.