Со гласовите од електоратите од сојузните држави во САД, потврдена е победата на демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден.
Моментално е доделено 534 од вкупно 538 електорски гласови, а се чекаат само гласовите од Хаваи. Но и со тие, Трамп не може да го стигне Бајден.
Клучно беше гласањето во Калифорнија од каде вечерва пристигнаа потребните 55 електорски гласови, со што Бајден го надмина прагот од 270 потребни гласови за и формално да му биде потврдена победата.
Околу 23:30 часот стигнаа електоратите од Калифорнија, 55, кои ја потврдија победата на Бајден. Бајден има моментално 302, а Трамп 232 електорски гласови. За победа е потребно 270, и јасно е дека Бајден ќе ја добие трката.
Електорското гласање во принцип е формалност. Но, оваа година е интересно поради тврдењата на Трамп дека ќе ги поништи резултатите.