Досегашниот директорот на Истражниот затвор „Скопје“, Есад Рахиќ на денешната седница на Владата бил поставен за в.д. управител на Трговско друштво Нафтовод ДООЕЛ Скопје, објави порталот 24 Инфо.

Тој на денешната седница на Владата беше сменет од директорската функција на затворот Шутка, а на негово место беше назначен Филип Андов Сокол.

Досегашен управител на Нафтовод беше Зоран Исајловски.