epa08520646 A view of cars going through the 'Evzoni' border crossing between North Macedonia and Greece, near the southern city of Gevgelija, North Macedonia, 01 July. Greece reopened the Evzoni border crossing with North Macedonia to EU citizens and from 14 other countries which are on a list approved by EU authorities. All travelers arriving to Greece are required to fill a Passenger Locator Form (PLF) at least 48 hours before check-in. The form is part of the country's planning for protection against the coronavirus disease (COVID-19) pandemic and will allow authorities to create barcodes for travelers so that testing of new arrivals can be targeted. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
За Божик и Нова година, односно на 24, 25 и 31 декември и на 1 јануари 2021 година, затворени ќе бидат рестораните што функционираат во рамките на хотелите во Грција, а за гостите ќе биде достапна само услуга во соба, соопштија од Генералниот секретаријат за трговија и заштита на потрошувачи од Министерството за развој на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Оваа одлука доаѓа откако грчките медиуми објавија дека дел од хотелите рекламираат дочек на Божик и Нова година, доколку се резервира соба, со оглед на тоа дека рестораните и кафулињата во рамките на хотелите се отворени, но само за гостите кои престојуваат.