Кога Бугарија би знаела дека ќе го имаа Заев немаше потреба да издадат ниту еден бугарски пасош. Заев е најдобриот бранител на бугарските интереси во земјава, тој по брусењето на сонцето од плоштадите, сега ќе ги бруси спомениците на кои пишува дека Бугарите биле окупатор и дел од фашистичкиот сојуз. Овој чекор е директно ретуширање на историјата, се вели во денешната реакција ос ВМРО-ДПМНЕ.
Вистинско злосторство, се вели натаму во реакцијата, и антидржавен акт е кога Заев говори за историјата, бидејќи нема факт кој не го искриви и изобличи.
– Светската јавност се смее на неговите предавнички политики. Заев ја брука државава и наддава со продажба на идентитетот при секоја негова изјава. Неговото свесно погрешно толкување на историјата претставува продолжување на додворувањето кон Бугарија зад кои стојат бизнис интереси. Заев за бизнис интереси го продава идентитетот на народот. Заев е премиер кој има концесии кон Бојко Борисов. Македонскиот идентитет за Заев чини колку рудникот Иловица, една телевизија, една банка, државни акции во телекомоникациска компанија, и оптички конекции и провизии. Ова се работите кои Заев му ги ветил на Бојко Борисов. Заев е срам за Македонија и треба да си оди. Заев нема ниту сила ниту кредибилитет за добар договор со Бугарија. Со Заев е можен договор само преку продажба на државните и национални интереси на Македонија. Заев треба да си оди за да се сочува Македонија, се додава во соопштението.