Пренесувањето на спорните прашања меѓу Бугарија и Македонија во ЕУ нема да придонесе за несигурност и за нестабилност на Унијата, изјави во Варна вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов.

– Пренесувањето на спорните прашања меѓу Бугарија и С. Македонија во ЕУ нема да придонесе за безбедноста и стабилноста на Унијата. Нашата позиција е правилна и синхронизирана со европските и со националните интереси, изјави Каракачанов.

Како што пренесува Бугарското државно радио, Каракачанов во Варна ги коментирал и обидите од некои европски партнери за промена на бугарските позиции.

– Јас нема да правам компромис со антибугарска политика и не ме интересира што дел од нашите европски партнери имаат поинакви ставови. Имаше обиди да не разубедат. Имаше обиди да не разубедат за работи за кои сепак немаа аргументи. Јас го разбирам обидот на некои од партнерите да наложат да отстапиме, но на крајот Бугарија мора да се грижи за своите интереси, рече Каракачанов.